full screen background image
Search

Volvo Ве кани на Open Doors Weekend

Volvo Ве кани на Open Doors Weekend – запознајте ги автомобилите на шведскиот бренд и направете тест-возење на Вашиот омилен модел.

Оваа сабота од 10:00 до 17:00 часот, сите заинтересирани за автомобилите на Volvo ќе можат да бидат дел од настанот Open Doors Weekend. Токму во сабота, за првпат пред домашната јавност ќе биде претставен новиот S60, a покрај него и сите останати модели на шведскиот бренд.

Вратите на новиот Volvo Centar во Скопје ќе бидат отворени за сите посетители и љубители на брендот, а тимот за продажба на Volvo Cars ќе ги пречека подготвен со сите информации кои би можеле да ги интересираат.

Воедно, настанот ќе биде можност за секој од посетителите да направи тест-возење кое треба да го закаже најдоцна до четврток на телефонскиот број 02 2 6159 800 или на https://volvocars.mk.

Сите информации за настанот во сабота можете да ги пронајдете на следниот линк.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.