Четири-вратниот Mercedes AMG GT 4 започна со производство – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Четири-вратниот Mercedes AMG GT 4 започна со производство

Германскиот бренд објави дека започнува производството на спортското купе со четири врати развиено од AMG, а истото ќе биде понудено во две верзии.

“Основниот” модел, означен како AMG GT 43 4MATIC+, започнува од 95.000 евра во Германија, а пристигнува погонуван од 3.0-литарски агрегат со шест цилиндри во ред. Неговата сила брои 362 кс и 500 Nm вртежен момент. Истиот е усогласен со девет-степена автоматска трансмисија која ја испорачува силата кон сите четири тркала преку 4MATIC+ систем со целосно варијабилна дистрибуција на вртежниот момент.

Перформансите на моделот 43 му овозможуваат забрзување од 0-100 км/ч за 4.9 секунди и максимална брзина од 270 км/ч. Економијата на возење е потпомогната од EQ Boost стартер-алтернатор електричен мотор кој полни 48-волтен електричен систем. Тој му потпомогнува на моторот со внатрешно согорување со дополнителни краткотрајни испораки на сила од 22 кс и 250 Nm, што резултира со просечна потрошувачка од 9.4-9.1 литри на 100 километри и емисија на CO2 од 215-209 грама на километар.

Купувачите кои сакаат повеќе перформанси ќе треба да го одберат посилниот AMG GT 53 4MATIC+, опремен со истиот 3.0-литарски агрегат, но засилен на 435 кс и 520 Nm вртежен момент. Иако забрзувањето од 0-100 км/ч е намалено за 0.4 секунди, а максималната брзина е зголемена на 285 км/ч, сепак потрошувачката е идентична со онаа на моделот 43.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.