Новиот Jaguar I-Pace извозе од Лондон до Брисел со само едно полнење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Jaguar I-Pace извозе од Лондон до Брисел со само едно полнење

Во маркетингшка кампања за промоција на опсегот на патување, новиот електричен модел на Британскиот бренд помина растојание од 370 километри без застанување за дополнување на батериите.

Започнувајќи од Лондон, новиот I-Pace со своите целосно наполнети батерии од 90 киловат часа целосно го извозе растојанието до Брисел заедно со 50 километри долгиот подводен канал, за што била добиена посебна дозвола. Кога пристигнал во Брисел, автомобилот имал останато 8% неискористеност на батеријата, што е доволно за дополнителни 32 километри.

Официјално објавената бројка за опсегот на моделот е 470 километри според циклусот WLTP. Остатокот од батеријата можеби не би бил доволен за да се постигне оваа цифра, но овој обид докажува дека електричниот кросовер може да пристигне доста блиску до тоа. Исто така мора да се земе во предвид дека во текот на обидот, автомобилот заглавил во слабо прооден сообраќај во ударен час на патот кон Брисел.

За да прикаже пореален опсег на борд компјутерот, навигациониот систем на возилото ја зема во предвид топографијата на патот и стилот на возење во пресметувањето. Како резултат, може да го препорача најенергетски ефикасниот пат кој е достапен во моментот. Доколку дестинацијата не може да биде достигната, ќе го извести возачот и ќе му помогне да најде станици за полнење што се во опсегот на возење. За побрзо полнење, Jaguar ќе нуди брз полнач кој може да го зголеми опсего до 100 км за само 15 минутно полнење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.