Citroën C5 Aircross Plug-In Hybrid ќе биде централен во Париз – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën C5 Aircross Plug-In Hybrid ќе биде централен во Париз

Плаг-ин хибридната верзија на Citroën C5 Aircross е поради повеќе нешта значаен модел за францускиот бренд, а концептот кој ќе биде покажан во Париз е во суштина серискиот модел на првиот плаг-ин хибрид на Citroen.

Citroën ја слави својата сто-годишнина следната година, и веќе се во тек подготовките токму за оваа прослава. Еден од најважните нови модели кои Citroën ќе ги понуди во текот на следната година е токму плаг-ин хибридната верзија на големиот SUV со ознаката C5 Aircross.

Сега за сега нема многу детални информации, но веќе е потврдено дека францускиот SUV ќе може да помине до 50 километри само на електрична енергија, а на струја ќе може да постигне до максимални 133 километри на час. Батериите се поставени под подот и ќе можат да се наполнат за само два часа на соодветен полнач. Комбинираната моќност на хибридниот погон е 225 коњски сили.

C5 Aircross Plug-In Hybrid е значаен модел за Citroën не само заради тоа што е првиот плаг-ин хибрид на компанијата, туку и поради намерата на францускиот бренд да електрифицира 80% од гамата на возила до 2023-тата година, односно целата гама до 2025-тата година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.