Volkswagen подготви R-Line пакет за малиот up! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen подготви R-Line пакет за малиот up!

Најмалиот автомобил на Volkswagen добива малку подинамичен и спортски став благодарение на R-Line пакетот.

R-Line пакетот ќе биде достапен како дополнителна опрема и вклучува неколку интересни додатоци. Купувачите кои ќе го нарачаат R-Line пакетот ќе добијат подинамични преден и заден браник со хромирани украси околу магленките, декоративна лајсна на маската на ладилникот, странични прагови како и црн кров и странични ретровизори. Покрај тоа ќе добијат затемнети задни стакла, 16-инчни тркала обвиени во 185/50 пневматици, а со доплата ќе бидат достапни и 17-инчни тркала.

Сето ова го прави малиот Volkswagen Up поинтересен за помладите купувачи. R-Line пакетот ќе може да се комбинира со сите мотори кои се нудат кај up, но секако на самиот врв на понудата останува малиот Up GTI.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.