Volkswagen официјално го најавува новиот Golf – пристигнува на 24ти Октомври! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen официјално го најавува новиот Golf – пристигнува на 24ти Октомври!

За две седмици Volkswagen и официјално ја претстави најновата, осма генерација на легендарниот Golf – а откривањето го започна со претставување на неколку официјални скици од новиот автомобил.

Според она кое веќе го знаеме, новиот Golf би требало да постави нови стандарди во класата која е именувана токму по него. На скиците не можеме да видиме премногу – но сепак можеме да препознаеме детали и да ја видиме (барем грубо) целата форма на новиот автомобил. Од Volkswagen кажуваат дека како и секогаш, пристапот кон дизајнот е еволутивен и дека „новиот автомобил ќе биде инстантно препознатлив како Golf, од сите страни.“

Кабината ветува дека ќе биде супер-модерна, со дигитални инструменти и гоооолем мултимедијален уред кој всушност е споен со главните инструменти. Според она кое се најавува, очекуваме дека скоро сите контроли ќе бидат чувствителни на допир, а на самиот управувач ќе бидат поставени многу од контролите за функционалностите на новиот Golf.

Новиот Golf ќе биде претставен на 24ти Октомври а сериското производство ќе започне до крајот на оваа година. Првите примероци се очекуваат во салоните на почетокот на 2020.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.