ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави Taycan 4S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави Taycan 4S

Porsche ја проширува гамата на Taycan – спортскиот електричен автомобил можете да го добиете со помала батерија и со нијанса помал досег – но за значително пониска цена.

Taycan 4S во стандардна изведба ќе има до 530 коњски сили – но доколку сакате повеќе, можете да го нарачате Performance Battery Plus пакетот со кој имате до 571 коњска сила.

Стандардната изведба доаѓа со батерија со капацитет од 79.2 kWh, додека Performance Battery Plus пакетот доаѓа со поголема батерија со капацитет од 93.4 kWh. Во зависност од батеријата, ќе имате автономија од 405, односно 462 километри според WLTP мерењата. Обата модели забрзуваат до 100 километри на час. Обете верзии забрзуваат до 100 километри на час за рамно 4 секунди, додека максималната брзина е 250 километри на час.

Самото име кажува дека Taycan 4S е со погон на сите четири тркала. Помалата батерија може да се полни со капацитет од 225 kW, додека поголемата со капацитет од 270 kW и ако имате пристап до доволно моќен полнач, батеријата би требало да се наполни до 80% за 20-тина минути.

Цените за Taycan 4S ќе започнуваат од нешто над 100.000 евра во Германија, а ќе пристигне во салоните на Porsche на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.