full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW го претстави новиот M8 Gran Coupe

Баварскиот бренд ја претстави можеби најинтересната верзија на новиот M8 – онаа со ознаката Gran Coupe и четири врати!

Исто како и M8 Coupe и Convertible, и новиот M8 Gran Coupe го добива истиот 4.4-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 600 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Секако, доколку се чувствувате особено храбри (а претпоставуваме дека имате доволно пари), можете да го нарачате M8 Competition Gran Coupe кој добива 625 коњски или и 750 Nm вртежен момент.

Резултат на сето ова? 100 километри на час за 3.2 секунди и максимална брзина од 250 километри на час (односно 305 километри на час доколку го нарачате M Driver’s пакетот). Секако, бидејќи се работи за продукт на M-дивизијата, не е работено само на моторот. Добивате ревидирана суспензија, зајакната шасија, Active M диференцијал, М Servotronic управување, М-калибрирана адаптивна суспензија, сопирачки со високи перформанси и многу, многу повеќе.

М8 Gran Coupe добива поагресивни браници, црна маска на ладилникот, големи отвори за воздух, аеродинамични странични ретровизори, карбонски кров, 20-инчни тркала, заден спојлер и уште мал милион други ситници. Кабината добива М спортски седишта, М спорски управувач, спортска рачка за менувачот, 12.3-ичен дигитален панел за инструментите, како и 10.25-инчен инфозабавен систем…

Оние кои сакаат нешто навистина ексклузивно можат да го нарачаат M8 Gran Coupe First Edition – оваа изведба ќе биде произведена во само 400 примероци, и ја добива оваа прекрасна Auroroa Diamond Green металик зелена боја со бронзени детали. M8 Gran Coupe First Edition добива и уникатни тркала, специјални заштитни панели на вратите и Taruma Brown мерино кожа во кабината.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: BMW влегува во играта на компактни седани со новиот 2 Series Gran Coupe



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.