full screen background image
Search

Плаг-ин хибридниот Volkswagen Passat GTE пристигна во Македонија

Плаг-ин хибирдниот Passat GTE може да помине до 56 километри на електрична енергија –  и веќе пристигна во салонот на Volkswagen во Скопје.

Со неодамнешното освежување на целото Passat семејство, Volkswagen го освежи и плаг-ин хибридниот GTE. Благодарение на зголемената батерија, која сега е 31% поголема од батеријата која досега се вградуваше, Passat GTE може да помине до 56 километри на електрична енергија.

Хибридниот погон е комбинација од TSI турбо-бензинец со 156 коњски сили, електромотор со моќност од 115 коњски сили батерија со капацитет од 13 kWh. Вкупната, системска моќност е 218 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Passat GTE нуди три режими на работа – EV, каде автомобилот работи исклучиво на електрична енергија, Hybrid, каде системот автоматски префрла меѓу, или ги комбинира двата погони, како и GTE спортскиот режим кога автомобилот располага со сите тие 218 коњски сили.

Ние наскоро ќе го добиеме Passat GTE на тест и во детали ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Цената на Passat GTE е 39.900 Евра, односно 454 Евра месечно преку Порше Лизинг.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.