ПРЕМИЕРА: Audi RS Q3 и RS Q3 Sportback напаѓаат со по 400 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi RS Q3 и RS Q3 Sportback напаѓаат со по 400 коњски сили!

Германскиот бренд истовремено ги претстави RS Q3 и RS Q3 Sportback – кои користат 2.5-литарски турбо-бензинец со пет цилиндри кој испорачува 400 коњски сили и 480 Nm вртежен момент!

Обата модели ја испорачуваат силата преку S-Tronic менувач кон quattro погонот на сите четири тркала. Што значи тоа преведено во перформанси? Audi RS Q3 и RS Q3 Sportback достигнуваат 100 километри на час за само 4.5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Ако сакате повеќе, можете да доплатите за лимитот да биде подигнат на 280 километри на час.

Двата модели добиваат и ревидирана суспензија, која сега е 10 милиметри пониска, а добиваат и рекалибрирано управување и моќни сопирачки – предните се со дијаметар од 375 милиметри, додека задните се со дијаметар од 310 милиметри. Ако сакате уште подобро сопирање, можете да нарачате ново-развиени керамички сопирачки кои имаат нови алуминиумски моноблок шепи. Овие дискови се со дијаметар од 380 милиметри на предните тркала, додека задните остануваат истите 310-милиметарски челични дискови.

RS Q3 и RS Q3 Sportback ќе би препознаете преку редизајнираната Singleframe маска, поагресивните браници со големи отвори за воздух и уште малиот милион други детали. Секако, добивате и проширени крила во кои влегуваат 20 или 21-инчни тркала, додека на задниот дел ќе препознате поагресивен спојлер, огромни завршетоци на издувниот систем, како и браник со интегриран дифузер.

Кабината добива спортски седишта (кои може да бидат обвиени во супер-мека Nappa кожа), спортски управувач со зарамнето дно, осветлени заштитни панели и неколку различни опции за материјали во кабината. Сè нa сè, чувството во кабината е дефинитивно подинамично и поспортско во однос на „цивилниот“ Q3.

Поврзано:   Audi го направи последниот R8

Нарачките ќе бидат отворени во Октомври.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.