full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Porsche Macan Turbo добива нов мотор и 440 коњски сили!

Porsche неодамна го освежи Macan и сега полека но сигурно ги открива сите изведби на популарниот SUV.

Со неодамнешното освежување на Macan, Porsche воведе неколку новитети – меѓу кои и нови мотори, а најновиот доаѓа токму во форма на 2.9-литарскиот твин-турбо V6. Овој мотор всушност потекнува од Panamera, а е замена за 3.6-литарскиот V6 кој досега се вградуваше во Macan Turbo. Новиот мотор не само што е покомпактен и полесен, туку доаѓа со понови технологии и нуди повеќе сила. Турбо-полначите се поставени во „V“-просторот меѓу цилиндрите, а тоа овозможува брзи „полнење“ со воздух и одлична респонзивност на моторот.

Стариот мотор нудеше 400 коњски сили и „стотка“ за 4.8 секунди, додека новиот мотор нуди 440 коњски сили и 550 Nm вртежен момент – и со Sport Chrono пакетот овозможува 100 километри на час за 4.3 секунди и максимални 270 километри на час.

Меѓу другото, Macan Turbo добива PSC сопирачки кои се обложени со специјален материјал со цел од понудат подобри перформанси при сопирање. Секако, можете да ги нарачате PCCB керамичките сопирачки, а можете да добиете и воздушна суспензија и многу, многу други „играчки“. Macan Turbo ќе го препознаете по поагресивниот дизајн на предниот дел, задниот дифузер, четирите завршетоци на издувниот систем како и спојлерот поставен на петтата врата. Кабината добива спортски седишта, Bose аудио уред и грст други спортски детали.

Ние на почетокот на оваа година го возевме Macan опремен со турбо-бензинец кој испорачува 245 коњски сили. Тогаш Macan ни остави навистина позитивни впечатоци и сигурни сме дека Macan Turbo кој има скоро 200 коњски сили повеќе е уште позабавен зад управувачот.

Поврзано:   Вечерно Кино: Porsche дизајнира вселенски брод за Star Wars

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.