Audi најавува нов RS модел – најверојатно новиот RS6 Avant! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi најавува нов RS модел – најверојатно новиот RS6 Avant!

Audi Sport најави дека ќе лансира неколку нови RS модели до крајот на оваа година – и веќе го гледаме нешто од првиот. Дали тоа ќе биде новиот RS6 Avant супер-караван?

Sport дивизијата на Audi веќе најави дека до крајот на оваа година ќе лансира шест нови модели. Сега имаме уште еден „тизер“ за моделот кој најверојатно ќе биде претставен прв – и тоа најверојатно ќе биде најновата генерација на мега-караванот RS6 Avant.

Инаку, RS-моделите на Audi се покажуваат како навистина популарни кај купувачите – и има зошто. Комбинацијата од супер-моќни мотори, одличниот quattro погон на сите четири тркала и врвни перформанси се привлечни за сите. Сега за сега не можеме да погодиме што точно подготвува Audi Sport, но можеме да претпоставиме дека ќе ги видиме RS Q3 и RS Q3 Sportback, новиот RS6 Avant како и моќниoт RS7 Sportback. Најверојатно ќе видиме и некаква RS верзија на знаменосецот Q8. Не можеме да претпоставиме кој ќе биде последниот автомобил, но не би биле изненадени доколку тоа е фејслифтирана верзија на RS4.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.