full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mitsubishi го претстави освежениот Pajero Sport

По освежувањето за L200, Mitsubishi го освежи и Pajero Sport – големиот теренец кој всушност е базиран на робустниот пикап.

Големиот теренец добива нов лик, кој е многу сличен на L200, но со некои помодерни детали. Импозантниот лик кој го добива Pajero Sport всушност влече инспирација од Dynamic Shield дизајнерската насока на Mitsuibishi, која веќе дебитираше кај Eclipse Cross. Најголемите визуелни измени се токму на предниот дел – остатокот од Pajero Sport нема премногу измени – ќе забележите некои затегнати линии, редизајнирана графика на задните светла како и заден спојлер, но дизајнерите на Mitsubishi како да ја следеле „ако не е расипано, не го поправај“ филозофијата.

Кабината добива 8-инчен дигитален панел со инструменти, како и 8-инчен мултимедијален уред. Дизајнерите на Mitsubishi се пофалија дека за обложување на кабината се користени помеки и поквалитетни материјали, а тоа е со цел целосно да се подигне амбиентот во Pajero Sport. Дополнително, Pajero Sport добива и безбедносни системи, како што се Lane Change Assist и Rear Cross Traffic Alert.

Големиот Pajero Sport ќе се нуди со 2.4-литарски турбодизел кој испорачува 178 коњски сили и 430 Nm вртежен момент. Силата ќе се пренесува преку 8-брзински автоматски менувач, а во зависност од пазарот ќе може да се нарача само со погон на задните или на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.