Mitsubishi подготви темелно освежување за L200 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi подготви темелно освежување за L200

Дали знаете дека популарниот пикап на Mitsubishi постои веќе 40-тина години? Најновата, петта генерација е претставена во 2014 година и веќе е зрела за освежување со цел да се задржи и обнови уделот на светските пазари.

Од официјалните фотографии лесно може да се забележи дека ова не е само типично „затегнување на лице“, туку комплетно нов, храбар дизајн кај кој препознаваме детали од радикалните концепти на Mitsubishi претставени во изминатите години. Дизајнот на предната маска, наречен „Dynamic Shield”, според наше мислење повеќе одговара на лицето на урбани кросовери и SUV-ови, но успева да го најде своето место низ аглестите форми на L200 (или на други пазари познат како Triton).

Покрај предната маска, кај L200 забележуваме и редизајнирани предни крила, додека задниот дел добива блага модификација на задниот браник и нови стоп светла.

Фејслифтот на Mitsubishi L200 нуди промени и „под кожата“, преку новиот off-road селектор. Опции како Gravel, Mud/Snow, Sand и Rock ги приспособуваат моторот, менувачот и системите за кочење и управување според теренот кој ќе го изберете, со цел да се намали пролизгувањето на тркалата и да се зголеми контролата врз возилото. Додадени се и неколку безбедносни системи кои полека стануваат дел од стандардната опрема во многу држави.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.