full screen background image
Search

Несекојдневниот Mitsubishi Eclipse Cross пристигна во Скопје

Новиот и несекојдневен купе-SUV на Mitsubishi пристигна и е веќе изложен во салонот на Мак Аутостар во Скопје.

Eclipse Cross воведува нова насока кај јапонскиот бренд – со новиот, поекспресивен дизан, како и супер-популарната форма на купе-SUV, Mitsubishi ќе се обиде да привлече сосем нова демографија на купувачи.

Mitsubishi Eclipse Cross е достапен во четири нивоа на опрема – и тоа Invite, Intense, Intense+ и врвно-опремениот Instyle. За придвижување на новиот купе-SUV е задолжен нов, 1.5-литарски Turbo-Mivec бензинец кој испорачува 163 коњски сили при 5500 вртежи во минута и 250 Nm вртежен момент од 2400 до 4500 вртежи во минута. Силата ја пренесува кон предните тркала преку CVT менувач.

Eclipse Cross можете да го погледнете во салонот на Mitsubishi во Скопје, а цените започнуваат од 23.980 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.