Lightyear One – Прототип на соларна енергија со опсег од 725 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lightyear One – Прототип на соларна енергија со опсег од 725 километри!

Lightyear го откри својот прв прототип, кој претставува електричен автомобил потпомогнат од соларни панели.

Холандската компанија Lightyear е основана во 2016 година од група дипломирани инженери, кои додека биле студенти со својот прототип три години по ред победиле на светската трка за соларни автомобили Bridgestone Solar Challenge во Австралија. Благодарение на тие победи, тие успеале да освојат доволно инвеститори, привилегии и грантови за да го завршат својот прототип во рекордно време од две години.

Сепак, прототипот бил создаден со тотално поразлична перспектива – да биде што е можно поефикасен. Резултатот на тоа е луксузен патнички автомобил со несависен погон на секое тркало и батерија која е со капацитет од 2/3 во споредба со батеријата на Tesla Model S, но обезбедува опсег на возење од неверојатни 725 километри. Батеријата може да се наполни преку 230 волтен приклучок до опсег од 400 километри за една вечер, но може да се полни и на суперполначи до 60 kW со кои може да добие опсег на возење од 507 км со само еден час полнење.

Според зборовите на извршниот директор на компанијата – Лекс Хуфслут, батеријата на возилото може да се полни и директно од сончевите зраци и тоа во максимално сончеви денови еден час под сонцето ја полни батеријата за 10-12 дополнителни километри или околу 50-70 километри на ден. Во екстремно сончевите региони како Калифорнија или Австралија, со полнење на батеријата на Lightyear One исклучиво на соларна енергија, автомобилот ќе може да помине до 20,000 километри годишно.

Прототипот е исто така конструиран од високо технолошки материјали кои го прават многу лесен, но истовремено ги задржуваат строгите мерки на безбедност на патниците, а стаклото над соларните панели на покривот и предниот поклопец се толку цврсти што може преку нив да помине човек без да се направи никакво оштетување.

Lightyear прифаќаат резервации за првите 500 примероци по цена од 119,000 евра, додека цената на моделот се очекува да изнесува 149,000 евра. Иако ова е навистина висока сума, за новиот Оne веќе се уплатени над 100 резервации, а компанијата најавува дека следните модели ќе бидат со помали димензии и пониска цена.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.