Ford Македонија се пресели во новиот дом! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Македонија се пресели во новиот дом!

Македонскиот импортер на Ford од неодамна се пресели на нова локација – каде веќе работи со полна пареа!

Ми-Да Гранд Моторс од неодамна е на нова локација, во целосно-нов и супер-модерен салон. Ние денес го посетивме и го разгледавме новиот објект – и Ви пренесуваме дел од атмосферата.

Новиот објект има многу паркинг простор, целосно-опремен и веќе функционален сервис, како и нов, простран и одлично-опремен продажен салон каде ќе можете да ги видите најновите модели на Ford.

Токму продажниот салон – или Ford Store, како што го нарекуваат – ги исполнува сите стандарди кои Ford ги наметнува и е замислен да биде многу повеќе од обичен салон за автомобили, туку да може и на подиректен и поинтерактивен начин да се разгледаат различните изложени модели.

Инаку, новиот објект е во фаза на финалнализирање и наскоро се очекува и свечено отворање – но вратите за новите купувачи, како и за постоечките сопственици на возилата на Ford се веќе отворени – посетете ги!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.