full screen background image
Search

Новиот Mercedes-AMG CLA 45 Shooting Brake доаѓа со 415 коњски сили!

Mercedes ја претстави најсилната изведба од втората генерација на компактниот караван, кој ќе ви помогне да пренесете голем багаж за малку време.

Во стандардно издание под поклопецот се наоѓа 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат кој произведува 382 кс и 480 Nm  вртежен момент. Тој е усогласен со осум-степена трансмисија со двојна спојка и сериски систем за погон на сите четири тркала. Оваа конфигурација му овозможува на автомобилот да забрза од 0-100 км/ч за само 4.1 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 250 км/ч.

Купувачите кои сакаат нешто уште помоќно можат да ја нарачаат S варијантата која доаѓа со истиот мотор засилен на 415 кс и 500 Nm вртежен момент. Благодарение на поголемата сила, спринтот до 100 км/ч е намален на точно 4 секунди, додека максималната брзина е зголемена на 270 км/ч.

Што се однесува до изгледот, моделот дизајниран од Славче Таневски е агресивно рестилизиран по примерот на A45 и CLA 45. Како резултат на тоа, доаѓа со Panamericana предна решетка која го издвојува од постандардната A35 Shooting Brake изведба. Покрај тоа, моделот е опремен со поагресивен преден браник со интегриран сплитер, заден браник со отвори за вентилација, спортски дифузер и издувен систем со четири издувни цевки со дијаметар од 90 милиметри.

Кабината е опремена со спортски седишта од микрофибер и еко кожа, со контрастни црвени шевови. Двобојната тема исто така продолжува и со црвените појаси, елементите обоени во сјајна црна боја и хромираните отвори за вентилација со црвени детали. Кај S варијантата сите црвени детали се заменети со жолти.

Поврзано:   Премиера: Mercedes-Benz ги претстави новите GLE Coupe и GLE 53 Coupe

Новиот CLA 45 Shooting Brake доаѓа сериски опремен со MBUX мултимедијален систем кој добива специјални AMG дисплеи, дигитална инструмент табла и технологија за препознавање на гласовни команди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.