ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG CLA 35 4Matic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG CLA 35 4Matic

Само неколку седмици по дебито на Mercedes-AMG A35 Sedan, германците ја претставија и бејби-AMG верзијата на новиот CLA.

Сличностите меѓу Mercedes-AMG A35 Sedan и Mercedes-AMG CLA 35 се лесно-препознатливи. Обата автомобили се базирани на новата А-класа, го користат истиот менувач и погон на сите четири тркала – и  секако, и истиот 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Сепак, Mercedes-AMG A35 Sedan е нијанса побрз – бенчмаркот од 100 километри на час го достигнува за 4.7 секунди, додека на CLA A35 му требаат „дури“ 4.9 секуди. Максималната брзина е идентична – и електронски ограничена на 250 километри на час.

 

Mercedes-AMG CLA 35 ќе го препознате по поагресивниот преден браник и динамиќните странични прагови, новиот заден дифузер, спортскиот издувен систем и дискретниот спојлер. Визуелните измени на екстериерот се комплетираат со нови 18 или 19-инчни тркала. Кабината добива поспортски седишта, контрастни опшивки, црвени сигурносни појаси и уште неколку ситни детали. Секако, тука е неизбежниот MBUX инфозабавен уред на Mercedes-Benz кој користи два големи дисплеи – но сепак доработен да биде лесно-препознатлив како AMG.

Купувачите ќе добијат AMG Ride Control систем како и AMG компоненти во подвозјето кои имаат задача да го направат управувањето подиректно и попрецизно. Доколку сакате, можете да нарачате и адаптивна суспензија која ќе може да понуди супер-комфорно возење или пак врвна динамичност. Можете да нарачате и сопирачки со високи перформанси кои користат 350-милиемтарски дискови на предната и 330-милиметарски дискови на задната оска.

Испораката на првите примероци се очекува во Август.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.