Fiat ја освежи Panda со специјалната Waze изведба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat ја освежи Panda со специјалната Waze изведба

Panda Waze ќе можете да ја добиете во неколку различни бои и со кров во контрастна боја.

Panda Waze е достапна во Amore црвена, Colosseo сива, Giotto сина, Gelato бела, Moda сива или Sole жолта боја, а интересен детал е црниот кров, како и црните детали – страничните прагови, рачките на вратите и страничните ретровизори. Специјален додаток се и Waze значките, како и 15-инчните алуминиумски тркала. Кабината е во црна боја со сиви детали, кои според Fiat на автомобилот му даваат „младешки и динамичен стил.“

Името Waze доаѓа од Waze уредот за навигација кој е дел од опремата на Panda Waze. Дел од пакетот е и U-Connect системот кој овозможува лесно поврзување со паметен телефон. Во однос на моторите, ќе можете да изберете меѓу 0.9-литарскиот TwinAir бензинец со 85 коњски сили или 1.2-литарскиот атмсоферски бензинец со 69 коњски сили. Обата мотори се комбинираат со мануелен менувач, но одберете го TwinAir турбо-бензинецот и ќе можете да нарачате и погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.