full screen background image
Search

Toyota, Mercedes-Benz и BMW се највредните автомобилски брендови.

Организацијата Kantar Millward Brown ја објави BrandZ Top 100 Most Valuable Global Brands листата за оваа година, каде има многу брендови од многу индустрии – но нас нè интересира токму автомобилската.

Секако, на листата се наоѓаат и многу други гиганти – таму ќе ги најдете Amazon (кој оваа година е пред Apple), но и Apple, Google, Microsoft, Visa, итн.

Највредниот автомобилски бренд е токму Toyota, која се најде на 41-вата позиција. Втор по вредност е Mercedes-Benz на 54-тата позиција, веднаш пред BMW кој е на 55-тата позиција. Интересно е што ова се единствените три производители на автомобили кои воопшто се најдоа на листата, а пред нив се брендови како Samsung, Netflix, Nike, итн..

Оваа листа се прави веќе 14 години, а Toyota е на првото место меѓу автомобилските брендови дури 12 пати. Graham Staplehurst, директорот за стратегии во BrandZ кажува дека „глобалниот досег кој Toyota го има, има огромен удел во успехот на брендот. Toyota е бренд кој е гледан како пионер за алтернативни енергии, а луѓето го познаваат Prius.“ Интересно е што кога се правени анализи и анкети за електрични возила, Tesla е на првото место, Toyota е на второто место, а на третото место е Volkswagen. Токму Toyota неодамна го објави својот забрзан план за воведување на електрични возила во својата понуда.

Во засебната листа која во која се наоѓаат само автомобилски брендови, покрај Toyota, Mercedes-Benz и BMW се наоѓаат и Honda, Ford, Nissan, Tesla, Audi, Volkswagen и Porsche.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.