full screen background image
Search

95-ката малку поскапува, другите цени на горивата остануваат исти

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои оваа седмица ќе останат скоро непроменети.

Во согласност со новата методологија за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.35%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата остануваат непроменети, и еден литар 98-октански бензин ќе продолжи да чини 69.00 денари, додека еден литар дизел ќе продолжи да чини 60 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 0.50 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 67.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следниот понеделник.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.