ВИДЕО: Honda ја направи најбрзата „косилица“ на светот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Honda ја направи најбрзата „косилица“ на светот!

Mean Mower косачката за трева на Honda не само што е најбрзата косачка за трева на светот, туку е најбрзо-забрзувачката косачка на трева во светот!

Mean Mower V2 успеа да забрза од 0 до 100 милји (161 километар) на час за само 6.29 секунди, а постави и максимална брзина од 150.99 милји, односно 242.99 километри на час. Зад управувачот беше Jess Hawkins, девојка која професионално вози картинг, а локацијата беше Dekra Lausitzring, блиску до Дрезден.

Инаку, Mean Mower V2 е придвижувана од 4-цилиндерски мотор со капацитет од 999 кубни сантиметри кој доаѓа од CBR1000RR Fireblade SP моторцикл. Овој мотор испорачува 200 коњски сили при 13.000 вртежи во минута. Со оглед на тоа дека Mean Mower V2 тежи само 69 килограми – станува сосем јасно дека перформансите се повеќе од импресивни – бенчмаркот од 100 километри ан час се постигнува за помалку од 3 секунди – и секако, сè уште можете да ја косите тревата во вашиот двор.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.