full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche 718 Boxster Spyder и 718 Cayman GT4 – Совршено ирационални!

Porsche тукушто ги претстави врвните изведби на 718 Boxster и Cayman – кои добиваат нов, вокален 4-литарски 6-цилиндерски атмосферски боксер со 420 коњски сили!

Ние сме големи фанови на атмосферските мотори на Porsche – и денес е навистина важен ден. Св. Боксер Атмосферски Шестцилиндерски.

Новите 718 Boxster Spyder и 718 Cayman GT4 добиваат сосем нов 4-литарски атмосферски боксер со шест цилиндри. Овој мотор испорачува 420 коњски сили и 420 Nm вртежен момент кон задните тркала, исклучиво преку мануелен менувач.

Резултат? Обата автомобили забрзуваат до 100 километри на час за само 4.4 секунди, додека максималната брзина кај Boxster Spyder е 301 километар на час, додека кај Cayman GT4 е 304 километри на час. Новиот мотор има и систем за деактивација на цилиндрите, со што се намалува потрошувачката. Во услови кога е можно, моторот автоматски го прекинува доводот на гориво во едниот ред цилиндри.

Сега да зборуваме малку за секој од моделите – 718 Boxster Spyder е токму тоа – спајдер верзија на одличниот Boxster. Добива уникатен поклопец на задниот дел со таканаречен Double-Bubble дизајн кој евоцира спомени на олд-скул моделите на Porsche. Истовремено, добива и функционален заден дифузер кој му овозможува аеродинамична потисна сила на задната оска.

Од друга страна, тука е хардкор-верзијата на Cayman – моделот GT4. Секако, ова е фејслифт на GT4, но во суштина – има многу, многу повеќе. Оние кои навистина сакаат да уживаат во возењето, ќе уживаат во GT4 – големиот фиксен заден спојлер, како и дифузерот овозможуваат 50% повеќе потисна сила, а аеро-додатоците на предниот дел дополнително ја подобруваат аеродинамиката. Обата автомобили добиваат Porsche Active Suspension Management и се поблиску до подлогата, но и ревидиран систем за стабилност (кој може да се деактивира, за максимална забава) како и механички заден диференцијал.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Најмоќниот Cayenne е Turbo S E-Hybrid со 680 коњски сили!

Дел од пакетот кај двата автомобили е и пакет супер-спортски сопирачки (или, ако сакате можете да нарачате и Porsche Ceramic Composit Brakes), а за GT4 можете да нарачате и Clubsport пакет кој вклучува заштитен кафез, противпожарен апарат и тркачки безбедносен појас за возачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.