BMW и Jaguar Land Rover ќе соработуваат на развој на компоненти за електрични возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW и Jaguar Land Rover ќе соработуваат на развој на компоненти за електрични возила

BMW и JLR објавија дека заеднички ќе работат на развој на електрични возила – поточно на моторите, трансмисијата и други компоненти.

Оваа интересна – и би рекле, неочекувана алијанса – е во согласност со тековните трендови во автомобилската индустрија, која има цел да ги намали трошоците за развој на електрични возила.

„Заедно, ја имаме можноста подобро да ги задоволиме потребите на купувачите, со тоа што ќе го скратиме времето потребно за разовј и побрзо ќе донесеме на пазарот како нови возила, така и врвни технологии.“ – изјави претседателот за истражување и развој во BMW, Klaus Froehlich.

Слична изјава пристигна и од директорот за инженеринг во JLR – Nick Rogers – кој кажа дека „докажавме дека можеме да направиме електрични возила кои се подобри од сите други, но сега треба да го достигнеме размерот на овие технологии кој ќе може да ја поддржи следната генерација на продукти од Jaguar и Land Rover.“

Во моментов, и BMW и JLR имаат само по еден целосно-електричен модел. Вo BMW тоа е i3, додека кај Jaguar тоа е I-Pace. BMW сака да има 12 целосно-електрични модели до 2025, а сигурни сме дека и JLR има слични амбиции.

Како дел од оваа алијанса, тим составен од експерти од двата гиганти ќе работи заеднички на развој на погонските единици, менувачите и други придружни компоненти, но финалниот развој, прилагодувањето на погонот кон карактеристиките на брендот, но и производството на самите погонски единици, BMW и JLR ќе ги прават засебно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.