Renault го освежи големиот Koleos – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault го освежи големиот Koleos

Најголемиот SUV во понудата на Renault – големиот Koleos – доби дискретно освежување кое носи ситни визуелни затегнувања, подмладена кабина и грст нови технологии.

Ајде прво за екстериерот – сега сите верзии на Koleos добиваат Pure Vision LED предни светла, задни светла со интересна графика, како и поголемо стоп-светло. Дополнително, Koleos добива поголема предна маска на ладилникот, поробустни заштитни панели и ситни хромирани детали. Визуелните измени завршуваат со нова Vintage Red Metallic боја, како и двобојни алуминиумски фелни.

Renault одлучи да ја освежи и понудата на погонски единици – и тоа со два нови турбодизел мотори. Сега во понудата се и 1.8-литарски dCi со 150 коњски сили и 340 Nm вртежен момент, како и 2-литарски dCi со 190 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Обата мотори се комбинираат со X-Tronic CVT менувач, а помоќниот мотор доаѓа со погон на сите четири тркала. Меѓу новите технологии кои Koleos ги добива се систем за автоматско сопирање, кој со себе носи и систем за препознавање пешаци.

Во кабината препознаваме некои нови материјали и освежени ситни детали, но најважен новитет е освежувањето кое го добива R-Link2 мултимедијалниот уред, кој сега добива Apple CarPlay поврзување. R-Link2 може да се добие во две изведби – со 7 или 8.7-инчен екран.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.