Lamborghini Huracan Sterrato – Off-road V10 ѕвер – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini Huracan Sterrato – Off-road V10 ѕвер

Lamborghini, off-road гуми, off-road LED светла, подигната суспензија и проширена каросерија се поими кои нѐ асоцираат на Lamborghini LM-002, легендарниот теренец на италијанскиот производител од 80-тите. Но, постои и модерно Lamborghini кое ги исполнува горенаведените критериуми – и зачудувачки, не е Urus!

Се работи за свеж концепт од дизајн-студиото на Lamborghini наречен Huracán Sterrato – off-road верзија на Huracán Evo. Погонуван од истиот 5.2 литарски V10 мотор, Sterrato испорачува 640 коњски сили кон сите четири тркала. За тракција на сите подлоги се задолжени „мозокот“ на Huracán Evo, како и погонот на сите тркала. Оваа комбинација користи компјутерска логика да ги предвиди вашите следни движења на управувачот и педалите со една цел – целосна off-road забава.

Инженерите – со подигнување на суспензијата за речиси 5 сантиметри и проширување на трагот за 3 сантиметри – се погрижиле Sterrato да не е само „силен на зборови“. Дополнително, сега оваа верзија на Huracán ќе вози на 20-инчни бандажи и теренски гуми, кои се „кријат“ под карбонските проширувања на каросеријата. Под кожата, предниот дел на каросеријата е структурно засилен и вградени се алуминиумски заштитни панели по целата долна страна.

Во внатрешноста ќе се вградува лесен титаниумски заштитен кафез, тркачки сигурносни појаси, алуминиумски под, но и нови карбонски седишта. Сепак, се работи за концепт и производството ќе се задржи на само еден примерок. Не е лошо да сонуваме за сериско производство, соништата понекогаш знаат да се исполнат…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.