full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Volkswagen постави нов рекорд на Nurburgring – 6:05.336 со електричниот ID.R!

Зад управувачот на електричниот ID.R беше Romain Dumas, и тој успеа да „заврти круг“ околу Nordschleife за 6:05.336!

Dumas не само што постави нов рекорд, туку успеа да го надмине претходниот – поставен од Peter Dumbreck во NIO EP9 – за повеќе од 40 секунди. Dumas изјави дека „да се држи рекорд на Nurburgring ме прави неверојатно горд. ID.R беше перфектно подготвен за Nordschleife и беше навистина забавно да се искусат забрзувањето и високите брзини во свиоци.“ Инаку, неговата просечна брзина е 206.96 километри на час!

Volkswagen ID.R користи два електромотори за вкупна моќност од 680 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Дополнително, за ова возење автомобилот добил специјален аеро пакет кој овозможува повисока максимална брзина.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.