BMW го освежи супер-популарниот X1 со нов лик и плаг-ин хибрид – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го освежи супер-популарниот X1 со нов лик и плаг-ин хибрид

Најмалиот модел во X-семејството на BMW – супер-популарниот X1 – доби освежување кое носи изненадувачки многу новитети.

Естетските освежувања започнуваат со новиот преден браник кој добива редизајнирани отвори за воздух и нови светла за магла. Нова е (и поголема) и маската на ладилникот, како и редизајнираните предни светла. Задниот дел добива нови светлосни групи, како и редизајниран заден браник, а добива и поголеми завршетоци на издувниот систем. Визуелните освежувања одлично се заокружуваат со нови дизајни на тркалата, како и неколку нови бои кои купувачите ќе можат да ги изберат.

Кабината добива нова рачка за менувалот, како и нов 8.8 или 10.25-инчен мултимедијален уред, како и нови материјали за некои од површините.

Но сепак, можеби најважниот новитет е новиот X1 xDrive25e плаг-ин хибрид, кој комбинира TwinPower турбо мотор кој нуди 125 коњски сили и 220 Nm вртежен момент со електромотор кој испорачува дополнителни 95 коњски сили и 165 Nm вртежен момент. Конвенционалниот мотор ги придвижува предните тркала, а електомоторот ги придвижува задните тркала. Оваа варијанта ветува навистина интересна комбинација меѓу перформанси и економичност, а истовремено ветува дека ќе може да помине до 50 километри на електрична енергија.

Секако, во понудата остануваат и sDrive16d кој корист 1.5-литарски турбодизел кој испорачува 116 коњски сили и 270 Nm вртежен момент, како и xDrive25d кој нуди 231 коњска сила и 450 Nm вртежен момент. Доколку сакате бензинец, тука е xDrive25i кој нуди одлични 231 коњска сила и 350 Nm вртежен момент.

Освежениот X1 ќе пристигне во салоните веќе ова лето. Во меѓувреме, прочитајте го нашиот тест на моменталниот BMW X1.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.