full screen background image
Search

Се гледаме утре на Skopje Classic Day 2019

Минатогодинешниот Skopje Classic Day беше еден од најдобро-организираните настани – а за утре е најавен Skopje Classic Day 2019!

Минатата година настанот се одржа во населбата Ново Лисиче, а оваа година ќе се дружиме во хотелот Александар Палас, во чиј круг ќе се одржи Skopje Classic Day 2019. Организаторите ни кажуваат дека оваа година ќе учествуваат возила од пет различни држави, а дури 25 од 55 автомобили ќе бидат од странство. Дополнително, ќе можеме да видиме и 35 класични моторцикли.

Погледнете ја галеријата од минатата година.

Она што го издвојува овој настан од другите кои се организираат кај нас е строгата селекција за учество. Возилата ги одбира самиот организатор – Gentleman’s Crew од Скопје. Оценувањето ќе го врши специјално тричлено жири, на чие чело ќе биде Harald Leschke – кој своевремено го дизајнираше Maybach Excelero.

Настанот официјално ќе биде отворен утре (Сабота, 1ви Јуни) во 11:30 часот. Се гледаме утре!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.