full screen background image
Search

Првиот електричен автомобил на Skoda е Citigoᵉ iV

Skoda Citigoᵉ iV е официјалниот влез на Skoda во светот на електрични возила. Сосема очигледно, базиран е на градскиот суб-компакт Citigo и наместо мотор со внатрешно согорување, е погонуван од електричен мотор со моќност од 82 коњски сили и батерија со капацитет од речиси 37 kWh.

Ваквата комбинација е рецепт за 265 километри автономија со едно полнење (според WLTP). Доколку се користи брз полнач, 80% од капацитетот на батеријата може да се наполни за само 1 час, додека обичната домашна електрична инсталација може да ги наполни батериите на Citigoᵉ iV за нешто над 12 часа. Кабелот и модулот потребни за брзо полнење се дел од стандардната опрема на повисокото ниво Style, додека во пакетот Ambition ќе мора да ги доплатите – а сето тоа е со цел основната цена на електричниот Citigo да е што е можно пониска.

Од надвор, Citigoᵉ iV се разликува од бензинскиот Citigo по предниот дел кој има помалку отвори за воздух, со цел да се подобри аеродинамичноста, како и стандардни магленки и LED дневни светла. Достапни се 7 бои меѓу кои и ексклузивна Kiwi Green зелена боја.

Ентериерот во сериска опрема ни нуди редизајнирана инструмент-табла прилагодена на електричниот погон, Climatronic, поврзување со мобилен телефон, но и неколку ситници кои во бензинскиот модел ги нема во основниот пакет на опрема. Стандардни безбедносни системи се Lane Assist систем за држење на возилото во граници на коловозните ленти и 6 воздушни перничиња.

Првата електрична Skoda ќе може да се купи во втората половина на оваа година.

Поврзано:   Студентите во Skoda го подготвуваат Mountiaq


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.