full screen background image
Search

Volkswagen претстави Golf GTI со 380 и Golf R со 400 коњски сили на Worthersee

Worthersee GTI фестивалот започна, а први на „распоредот“ за претставување се проектите на „стажантите“ во Volkswagen.

Тукушто започна 38-миот Worthersee GTI Treffen, а Volkswagen веќе претстави два концепти.

Првиот се вика Golf GTI Aurora и е направен врз основа на – очекувано – Golf GTI. Добива Nardo Grey сива боја и детали во црна и сјајно зелена боја. Младите дизајнери кажуваат дека сите декоративни елементи се рачно нацртани.

Концептот е само со две седишта и добива дополнителни дисплеи во централната конзола, како и монструозен аудио-уред со моќност од 3500 вати, но и холограмски систем во багажникот преку кон се контролираат многу од аудио функциите. Моќноста доаѓа од 2-литарски турбо-бензинец кој е дополнитено доработен за да испорачува 380 коњски сили.

Вториот концепт е Golf R караван, а неговото целосно име е Golf Estate R 4Motion FighteR. Оваа верзија е наклонета кон возење на тркачка патека и добива вкупно 400 коњски сили – 100 коњски сили повеќе од стандардниот Golf R. Ширината на FighteR е зголемена за 3 сантиметри, а автомобилот добива многу, многу модификации – и автомобилот веќе има „работа“ – а тоа е да функционира како безбедносен автомобил на Sachsenring.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.