full screen background image
Search

BMW веќе подготви M Performance додатоци за новата Серија 1

Веќе при самото лансирање, М-дивизијата на BMW подготви неколку интересни M Performance додатоци за новата Серија 1.

Понудата на додатоци започнува со импресивно-големи сопирачки. Спортскиот сет сопирачки користи 18-инчни перфорирани дискови, 4-клипни шепи напред и шепи со еден клип на задните тркала. Шепите се во црвена боја, секако.

Понатаму, можете да нарачате и мал милион ситници кои ја подобруваат аеродинамиката – изработени од карбон. Можете да нарачате преден сплитер, заден спојлер, предни мали крилца, странични прагови и голем заден дифузер, но и карбонски капачиња за страничните ретровизори. Можете да нарачате и редизајнирана предна маска на ладилникот, итн.

Конечно, можете да нарачате 18-инчни ковани тркала во црна боја, или уште поголеми, 19-инчни во двобојна комбинација. Кабината добива M Performance управувач кој е обвиен во алкантара, а ако одберете автоматски менувач, ќе добиете и карбонски рачки за менувачот поставени на управувачот.

Афтермаркет? Каков афтермаркет?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.