Новиот Volvo S60 пристигна на Freedom to Move – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Volvo S60 пристигна на Freedom to Move

На денешната средба со медиумите, претставниците на ексклузивниот увозник зa Volvo за Македонија – Премиум АГС – ни кажаа дека се навистина горди што за прв пат во нашата земја Volvo се претставува со модерен Pop Up Showroom, но и носи два новитети од брендот – S60 и V60 Cross Country.

Од Премиум АГС кажуваат дека во текот на вчерашниот, денешниот и утрешниот ден очекуваат преку 100 тест возења на сите модели на Volvo, како и повеќе илјади посетители.
Освен што за првпат на едно место се достапни за тест возење сите модели на Volvo, мораме да напоменеме дека за прв пат нашите граѓани можат да се запознаат со новите S60 и V60 Cross Country.

Дополнително, од Volvo Cars Macedonia најавија дека во финална фаза е и изградбата на првиот специјализиран салон за Volvo во Македонија, а очекуваат свеченото отворање да биде во текот на месец Јуни.

Како што напоменавме, Freedom to Move караванот ќе биде поставен пред Skopje City Mall и во четврток од 10:00 часот изутрина, а освен што можете да ги разгледате автомобилите и да направите тест возење, можете да се запознаете и со E.V.A. Иницијативата на Volvo – проект кој има за цел еднакви возила за сите.

Volvo Cars преку E.V.A. Иницијативата ги сподели со целиот свет драгоцените податоци од нивните 40-годишни тестови и истражувања во областа на безбедноста, а од сега секој може да учествува и во специјалниот натпревар на Volvo – да придонесе за безбедноста во сообраќајот и да добие награда: патување во Гетеборг. Во Pop Up салонот на Volvo пред Skopje City Mall, побарајте го специјалниот формулар за учество во натпреварот, дајте ја Вашата идеа која мислите дека може да придонесе во безбедноста на сообраќајот и можеби токму Вие ќе бидете наградени со патување!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.