ГАЛЕРИЈА: Mercedes-AMG GT R со 585 коњски сили во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ГАЛЕРИЈА: Mercedes-AMG GT R со 585 коњски сили во Скопје!

Во салонот на Mercedes-Benz во Скопје пристигна скоро најекстремната верзија на Mercedes-AMG GT – моделот GT R кој испорачува дури 585 коњски сили и е наменет само за најталентираните возачи.

Mercedes-AMG GT R е замислен да биде прилично лесен – тежи само 1554 килограми, а сето тоа е направено благодарение на полесните компоненти и екстензивното користење на ултра-лесни материјали.

Кога сето тоа ќе се искомбинира со темелно преработениот мотор – кој сега испорачува 585 коњски сили и 700 Nm вртежен момент – добиваме перформанси кои од кои застанува здивот! Забрзувањето до 100 километри на час трае само 3.6 секунди, додека максималната брзина е 318 километри на час.

Но, да не зборуваме многу – ѕирнете ги фотографиите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.