full screen background image
Search

Макпетрол ја пушти во употреба целосно-обновената бензинска станица во Куманово

Бензинската станица на влезот во Куманово е една од трите најактивни станици на Макпетрол во нашата земја – и токму оваа станица доби темелно обновување.

Станицата е целосно обновена – сега има дури 50 „пиштоли“ за полнење гориво, како и 14 ленти за возила – меѓу кои и ленти со пумпи кои побрзо точат гориво и се наменети за товарни возила. Сега на бензинската станица во Куманово покрај бензин и дизел, се точат и автогас и метан, за возилата опремени со вакви уреди.

Пумпата ќе биде свечено отворена денес, а капацитетите, односно функционалните содржини на оваа бензинска станица, се надополнети со целосно обновен надворешен и внатрешен продажен простор, модерен мини ресторан, современи и чисти тоалети, Wi-Fi корнер, како и простран паркинг.

Од Макпетрол најавуваат нови инвестиции во реновирање на други постоечки горивни станици. Компанијата верува дека токму ова е иднината на бензинските станици и во чекор со светските трендови и новитети во нафтениот бизнис инвестира во своите веќе постоечки капацитети со цел сервисирање на сите потреби на потрошувачите.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.