Протекоа првите фотографии од новата Opel Corsa – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од новата Opel Corsa

Првите фотографии од новата Opel Corsa се појавија на интернет – и тоа долго пред официјалната премиера која е закажана за Септември!

Фотографиите по грешка ги објави францускиот L’Automobile Magazine, и по притисок од Opel ги отстранија од својата веб-страница, но фотографиите веќе се „прошетаа“ по Интернет.

На фотографиите можеме да видиме интересна еволуција во дизајнот на Opel Corsa – линиите се чисти, модерни и остри, а градскиот хечбек добива навистина интересен и привлечен лик. Сите верзии на Corsa – меѓу кои и електричната – ќе бидат поставени на CMP платформата на PSA, за која веќе знаеме дека ќе се користи за новиот Peugeot 208, а ќе ја добие и следниот Citroen C3. Новата Corsa ќе биде и значително полесна од претходната – дури до 108 килограми.

 

Кабината добива модерен изглед на инструментите и многу, многу технологии – како што се на пример дигиталните инструменти пред возачот, а веќе нема да се вградува IntelliLink системот од GM, туку Corsa ќе започне да ги користи мултимедијалните системи на PSA.

Инаку, протекоа и информации за димензиите – новата Corsa ќе биде 40 милиметри подолга и 18 милиметри поширока од автомобилот кој е во заминување, а багажниот простор ќе нуди капацитет од 309 литри.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.