full screen background image
Search

Официјално – првиот член на ID-семејството на Volkswagen ќе се вика ID.3

Нарачките за електричниот хечбек на Volkswagen се отворени – ќе чини помалку од 30.000 евра и ќе биде официјално претставен во Септември!

Според Volkswagen, името ID.3 е значајно од две причини – првата е дека го означува компактниот сегмент во кој припаѓа, а втората причина е дека ID.3 го отвара третото поглавје (по Beetle и Golf) на нова стратешка важност во историјата на брендот.

Целта на Volkswagen е ID.3 (во Германија) да чини помалку од 30.000 евра – и тоа пред било какви можни субвенции. Во моментов резервациите се отворени – и можете да го резервирате вашиот ID.3 со депозит (кој може да се рефундира, доколку се премислите во меѓувреме) од 1000 евра.

Како што веќе знаеме, ID.3 ќе се нуди во три варијанти, односно со три различни капацитети на батерии. Основниот модел ќе може да помине до 330 километри со едно полнење, „златната средина“ ќе може да помине до 420 километри, додека врвната верзија ќе може да помине до 550 километри – и тоа според новите, строги WLTP мерења.

Со цел да го прослави и поубаво да го означи стартот на резервациите во Европа, купувачите на нашиот континент ќе можат да нарачаат специјална верзија од електричниот автомобил. Оваа специјална верзија ќе се вика ID.3 1ST и ќе чини помалку од 40.000 евра. ID.3 1ST ќе доаѓа со средната батерија и ќе се нуди со четири различни бои, како и многу, многу опрема – меѓу другото ќе добие поголеми тркала, систем за навигација и уште многу други ситници.

Поврзано:   Започна производството на електричниот Volkswagen ID.3

За оние кои сакаат уште повеќе – тука е ID.3 1ST Plus со интелигентно осветлување и двобоен ентериер, како и ID.3 1ST Max кој на сето ова додава панорамски стаклен покрив напреден хед-ап дисплеј со виртуелен приказ. Volkswagen планира да произведе и продаде 30.000 примероци од ID.3 1ST. Купувачите ќе ги добијат своите возила на средина на следната година и ќе добијат бесплатно полнење во првите 12 месеци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.