full screen background image
Search

Непланирано „протекоа“ неколку фотографии од електричниот Volkswagen ID хечбек

Volkswagen веќе потврди дека електричниот хечбек ќе се нуди во три различни конфигурации  и дека – во завиност од верзијата која ќе ја одберете –  ќе може да помине до 550 километри!

Холандскиот претставник на Volkswagen на својот YouTube канал непланирано (и недозволено, судејќи по фактот дека видеата ги снема прилично брзо) објави неколку видеа од новиот хечбек. Овие видеа се наменети да ги привлечат купувачите бидејќи нарачките за ID Neo (така најверојатно ќе се вика електричниот хечбек) треба да започнат наскоро.

Серискиот модел ќе биде навистина сличен на концептот кој Volkswagen го претстави во 2016 во Париз. Иако автомобилот на видеата беше „маскиран“, сепак препознаваме доволно од финалната форма – и можеме да кажеме дека ID ќе биде прилично различен од останатите модели на брендот – но доволно сличен на нив за веднаш да биде препознатлив како Volkswagen.

Електричниот ID ќе се нуди во три различни верзии – и во зависност од конфигурацијата која ќе ја одберете ќе можете да поминете меѓу 330 и 550 километри со едно полнење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.