full screen background image
Search

Големиот BMW 8 Series Gran Coupe се подготвува за своето деби!

Баварците се подготвуваат да ја лансираат Gran Coupe изведбата на големата Серија 8 – која треба официјално да биде претставена на крајот на Јуни.

Формата на големото купе со четири врати е супер-слична на BMW Concept M8 Gran Coupe кое Баварците го претставија минатата година во Женева. Серискиот модел се очекува да ги добие истите мотори кои се нудат кај 8 Series – односно моќни турбо-дизел и турбо-бенински мотори со шест или 8 цилиндри. Повторно, силата се очекува да се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински менувач од ZF – и секако, одличниот xDrive систем на BMW.

Официјалната премиера е закажана за #NextGen настанот во Минхен кој ќе се одржи од 25-ти до 27-ми Јуни. Продажбата се очекува да започне во Септември оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.