Hyundai подготви значително освежување за хибридниот и електричниот Ioniq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai подготви значително освежување за хибридниот и електричниот Ioniq

Целото Ioniq семејство добива значително освежување – но најважен новитет е поголемата батерија кај електричниот модел кој сега ќе може да помине скоро 300 километри со едно полнење!

Електричниот Ioniq добива поголема батерија – досега се нудеше со батерија со капацитет од 27 kWh, додека новата е со капацитет од 38.3 kWh. Со оваа батерија Ioniq се очекува да може да помине 294 километри со едно полнење според новите WLTP мерења. Дополнително, Ioniq Electric добива и нов полнач со моќност од 7.2 kW, кој ќе може да овозможи 80% полнење за само 54 минути на брз полнач.

Ioniq Hybrid и Ioniq Plug-In Hybrid го користат истиот 1.6-литарски атмосферски бензинец со директно вбризгување кој испорачува 105 коњски сили и 147 Nm вртежен момент. Ioniq Hybrid користи електромотор кој испорачува 43 коњски сили и 170 Nm вртежен момент и батерија со капацитет од 8.9 kWh. Ioniq Plug-In Hybrid добива нијанса помоќен електромотор кој испорачува 60 коњски сили и 170 Nm вртежен момент, како и батерија со поголем капацитет од 15.6 kWh, и се очекува дека ќе може да помине 52 километри на електрична енергија.

Интересен новитет кај Ioniq се и новите технологии  – Blue Link поврзувањето, SmartSense системите за безбедност, како и нов инфозабавен систем. Blue Link им овозможува на возачите од далечина да го стартуваат и запрат автомобилот, како и да го отклучат или заклучат и да го контролираат клима-уредот преку апликација за мобилен телефон. Купувачите ќе можат да нарачаат и нов 10.25-инчен мултимедијален уред.

Новитетите на екстериерот вклучуваат нов дизајн на „маската на ладилникот“, редизајниран преден браник, редизајнирани предни светла и задни светла со LED технологија и нови тркала од лесна легура.

Поврзано:   Hyundai го освежи електричниот Ioniq 5


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.