full screen background image
Search

Volkswagen го претстави електричниот ID. Roomzz

Електричниот голем SUV кој Volkswagen го најавува со ID. Roomzz ја користи модуларноста на електричните возила за да понуди три реда седишта и многу, многу простор во возило долго само 4.9 метри!

Една од најважните придобивки на електричните возила е нивната модуларност, односно можноста компонентите да бидат „спакувани“ на начин кој ќе резултира со многу, многу простор во кабината. Токму таква е приказната и со новиот ID. Roomzz концептот кој го најавува знаменосецот на гамата. Овој SUV со три реда седишта е долг 4915 милиметри, ирок 1890 милиметри и висок 1760 милиметри. Има меѓуоскино растојание од скоро 3 метри – и според Volkswagen ќе понуди повеќе простор во кабината од големиот Touareg. А да, и ќе пристигне на пазарот за само две години.

Погонот на ID. Roomzz се состои од два електромотори кои нудат системска моќност од 306 коњски сили, како и батериски модул со капацитет од 82 kWh вграден во подот на автомобилот. Според Volkswagen, новиот концепт ќе може да помине одлични 450 километри – и тоа според новите, построги WLTP мерења. Системот дозволува брзо полнење на полначи со моќност од 150 kW, што пак би овозможило полнење на 80% од батеријата за околу 30 минути.

 

Најновиот ID. концепт доаѓа и со врвни автономни технологии – всушност, ID. Roomzz доаѓа со автономни технологии од 4-то ниво, кое овозможува целосно преземање на контрола од страна на автомобилот. ID. Roomzz овозможува модуларно седење, со различни конфигурации на седиштата во ентериерот – и официјалното деби ќе го има во Шангај за само ден-два.

Поврзано:   Volkswagen го произведе 30-милионитиот Passat


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.