full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се зголемуват за 1.5 до 3 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени – од вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот се зголемуваат за 1.5 до 3 денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 3.21%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 3, односно 2.50 денари – па еден литар „95-ка“ ќе чини 71.50 денари, а еден литар „98-ца“ ќе чини 73.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари, и еден литар дизел од вечерва ќе чини 62.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.