full screen background image
Search

Први фотографии од новата генерација на Mercedes-Benz GLS

Протекоа првите фотографии од новата генерација на најголемиот кросовер на Германскиот производител, подготвена на му се спротивстави на новиот BMW X7.

Како што беше очекувано, кросоверот изгледа како уште поголема верзија на моделот GLE, дизајниран по најновиот дизајнерски јазик на Mercedes, но во поелегантно издание.

Сличностите со помалиот модел продолжуваат и во ентериерот каде GLS ја добива истата инструмент табла. Кабината нуди повеќе простор од претходно, посебно во втората клупа на седење, благодарение на меѓуоскиното растојание кое е продолжено за 60 милиметри.

Купувачите ќе можат да одберат помеѓу голем број на погонски единици, вклучувајќи хибридни погони и агрегати со шест цилидри во линија, а најсилната AMG верзија ќе го добие познатиот 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор. Сите изведби ќе располагаат со девет-степен автоматски менувач.

Како врв на понудата ќе биде понудена ултра-луксузна Maybach верзија, која ќе доаѓа со многубројни додатоци како уникатни браници, тркала и решетка кои ќе го прават поексклузивен од останатите изведби.

Најновиот Mercedes GLS ќе ја добие својата интернационална премиера на автомобилскиот саем во Њу Јорк на 17ти Април.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.