full screen background image
Search

Mitsubishi Engelberg Tourer PHEV – Плаг-ин хибрид за оние со авантуристички дух

Mitsubishi го покажа својот Engelberg Tourer PHEV, концепт кој, велат, е наменет за авантуристички стил на живот, а името на концептот е инспирирано од доста познатиот скијачки центар во Швајцарија.

Ќе биде опремен со најновата еволуција на PHEV плаг-ин хибридниот систем кој првично го видовме во Mitsubishi Outlander PHEV. Оваа верзија ќе овозможува 70 километри автономија на електрична енергија, како и 700 километри вкупна автономија распределена меѓу бензинскиот агрегат и хибридниот погон.

Mitsubishi Motors makes world premiere of the ENGELBERG TOURER and DENDO DRIVE HOUSE concepts at Geneva.

Engelberg Tourer PHEV ќе има мотор со внатрешно согорување со зафатнина од 2.4 литри, специјално развиен да работи со хибридниот систем, како и погон на сите 4 тркала.

Робусниот, off-road изглед е надополнет со кровниот куфер со вградени LED светла. Патувањето во друштво е голем дел од авантуристичките патешествија, па така во Engelberg Tourer PHEV ќе може да се сместат 7 возрасни луѓе.

Mitsubishi Motors makes world premiere of the ENGELBERG TOURER and DENDO DRIVE HOUSE concepts at Geneva.

Доколку концептот некогаш влезе во сериско производство, од Mitsubishi велат дека заедно со автомобилот, купувачот ќе може да си нарача соларни панели и пропратна инсталација со цел батериите на својот автомобил да може да ги полни целосно бесплатно. Иднината делува интересно, мора да признаеме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.