ПРЕМИЕРА: Mark Zero е електрично купе кое го носи името на семејството Piëch – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mark Zero е електрично купе кое го носи името на семејството Piëch

Piëch Mark Zero е дело на Tony Piëch (синот на Ferdinand Piëch) и Rea Stark Rajcic – и може да забрза до 100 километри на час за само 3.2 секунди!

Tрендот на претставување електрични возила од сите калибри не престанува – тука е и Piëch Mark Zero, електричен спортски автомобил со 600 коњски сили, 500 километри автономија и забрзување од 0 до 100 км/ч за 3.2 секунди. Флексибилната платформа дозволува во автомобилот да се вгради хибриден систем, целосно електричен, но и мотор со внатрешно согорување. Платформата се прилагодува и за производство на седани, но и SUV-ови.

Возилото изложено на автосаемот во Женева е купе кое користи батерии кои, цитираме, „скоро и да не се загреваат“ при полнење и празнење. Бенефитите се многу брзо полнење, односно околу 5 минути за 80% полна батерија, но и елиминирање на потребата за посебен систем за разладување на батериите кој заштедува околу 200 килограми од тежината.

Со цел да се постигне спортска, ниска возачка позиција, батериите се распределени по средишниот дел на автомобилот, онаму каде што во традиционален автомобил би се наоѓал менувачот. Истите тие батерии погонуваат три електромотори со моќност од по 200 коњски сили – еден мотор за предните тркала, и по еден за секое од задните. Комбинираната моќност на електромоторите е околу 600 коњски сили, доволни за максимална брзина од 250 км/ч.

Плус, изгледа навистина супер!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.