Piëch Automotive ги присвои поранешните директори на Volkswagen, BMW и Tesla – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Piëch Automotive ги присвои поранешните директори на Volkswagen, BMW и Tesla

Новата СтартАп компанија за електрични возила Piëch Automotive го назначи Матиас Милер за извршен директор и го подготвува возилото Mark Zero за лансирање.

Еден од основачите на Швајцарската компанија e синот на Фердинант Пиех – Тони, кој ги ангажираше поранешните директори на Volkswagen, BMW и Tesla да му помогнат во раководењето со компанијата.

Најпознат од нив е Милер, кој е поранешен извршен директор на групацијата Volkswagen и Porsche. Тој ќе работи заедно со основачите Тони Пиех и Реа Старт за да оформат „амбициозна развојна и корпоративна стратегија“.

Поранешниот инженер од BMW Motorsport дивизијата Клаус Шмит ќе ја заземе улогата на втор извршен директор на Piëch Automotive и ќе го надгледува менаџментот на сите технички операции.

Трет член на тимот е Јохен Рудат, кој неодамна се приклучи на компанијата како директор за продажба. Рудат ја создаде продажната мрежа на Tesla во Европа и ја развиваше 10 години, директно под раката на Илон Маск.

СтартАп компанијата изјави дека успешно ја завршила првата финансиска етапа, со инвеститорот Питер Тиел на чело. Следната етапа започнува со компанијата UBS како финансиски советник, со цел да се осигура дополнителниот капитал потребен за лансирање на автомобилот.

Зборувајќи за електричниот модел Piëch Mark Zero, компанијата вели дека дизајнот е завршен. Следните чекори се произведување на првите прототипи, обезбедување на сигурни развојни партнери за возилото, и започнување со сериско производство во Piëch Engineering Campus во Меминген, Германија.

Mark Zero е базиран на модуларен концепт кој дозволува повеќе варијанти на каросеријата, разновидни погонски единици и постојано надградување на хардверот и софтверот. Електричниот спортски автомобил со две седишта е првиот од трите планирани концепти и ќе ја прикаже револуционерната технологија на батерии и полнење на компанијта.

Според Piëch Automotive, потребни се само 4 минути и 40 секунди за да се наполни батеријата до 80 проценти, што е доволно за поминување на 400 км, додека максималниот опсег е 500 километри според WLTP циклусот. Првиот сериски примерок се очекува да излезе во продажба на крајот од 2022.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.