Поранешниот претседател на Volkswagen Group – и човекот кој му овозможи на германскиот гигант да прерасне во еден од најголемите производители на автомобили во светот почина на 82 години.
„Се гледав себеси како човек кој го интересираат продукти и имав чувство за она кое пазарот ќе го бара. Бизнисот и политиката никогаш не ми го оттргнаа вниманието од нашата најважна мисија – да развиеме и произведуваме привлечни автомобили“ – напиша Piech во својата автобиографија издадена во 2002.
Ferdinand Piech е внук на Ferdinand Porsche, човекот кој ја основа компанијата Porsche и е одговорен за незаменливата Буба. Кариерата на Piech започнува во 1963-тата година, токму во Porsche, а понатаму оди во Audi од каде започнува неговиот раст во рамките на Volkswagen групацијата. Под водството на Piech, Volkswagen постигна огромен раст и под својата капа презема и егзотични брендови како што се Lamborghini и Bugatti. Piech е директно заслужен и за легендарниот Quattro на Audi, како и за Porsche 917 тркачкиот автомобил, но и многу, многу други инженерски достигнувања во рамките на групацијата.
Почина во неделата вечер, на 82 години.