ВИДЕО: Porsche Taycan постави рекорд на Nurburgring – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Porsche Taycan постави рекорд на Nurburgring

Porsche Taycan постави рекорд на Nurburgring – класата е „електрични спортски возила со четири врати“, а времето е 7 минути и 42 секунди.

Германскиот производител ги забрзува промотивните активности околу новиот Taycan, чија премиера е закажана за 4ти Септември. Иако сè уште не е официјално претставен, Taycan (во својата продукциска варијанта) постави рекорд на Nurburgring кој е во категоријата „електрични спортски возила со четири врати“.

Иако ова не е апсолутен рекорд на Nurburgring, сепак е импресивно да се видат можностите на сериски-произведуван електричен автомобил. Porsche интензивно работи на тестирањето на Taycan – електричниот спортски автомобил неодамна покажа дека може 28 пати едно по друго да забрза од 0 до 200 километри на час без никакво значително оптоварување на погон, а потоа помина 3424.8 километри за само 24 часа на Nardo патеката.

Зад управувачот на рекордерското возење на Nurburgring е тест-возачот Lars Kern, а Porsche Taycan во оваа конфигурација располага со 600 коњски сили. Погледнете го видеото од рекордерското возење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.