Компактниот SUV на Ford – малиот EcoSport – пристигна и кај нас! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Компактниот SUV на Ford – малиот EcoSport – пристигна и кај нас!

Малиот Ford EcoSport пристигна и на нашиот пазар – и можете да го нарачате во мал милион различни комбинации, а веќе е подготвена и специјална акциска понуда.

EcoSport е компактниот SUV на Ford кој всушност е одговор на многуте европски конкуренти од оваа класа – но за разлика од нив, EcoSport може да се добие и со погон на сите четири тркала.

Понудата започнува со EcoSport во Trend Plus ниво на опрема, придвижуван од 1-литарски EcoBoost со 125 коњски сили во комбинација со мануелен менувач и погон на предните тркала, но има уште мал милион други комбинации. 1-литарскиот EcoBoost може да испорачува и 140 коњски сили, а EcoSport ќе можете да го комбинирате и со автоматски менувач со шест брзини, како и погон на сите четири тркала. Доколку сакате, можете да го нарачате и со 1.5-литарскиот EcoBlue турбодизел, овој пат со 100 или 125 коњски сили.

Основниот EcoSport чини 17.600 евра, на самиот врв е EcoSport во привлечното ST-Line ниво на опрема (како на фотографиите), кој може да се добие со погон на предните тркала и со 125 или 140-коњски EcoBoost за 22.700 или 24.300 евра, или пак со турбодизелот со 100 (со погон на предни тркала) или 125 коњски сили (со погон на сите четири тркала) за 23.500 или 27.900 евра.

Во моментов EcoSport може да се добие со акциската Business понуда. Ова ниво на опрема вклучува цела гама на безбедносни системи, аларм, централно заклучување, управувач и менувач обложени во кожа, 16-инчни тркала, задни паркинг сензори, 8-инчен мултимедијален уред со навигација, кровни носачи и уште мал милион други ситници. Акциската понуда е за 1-литарскиот EcoBoost со 125 коњски сили, и вака опремен EcoSport може да се добие за 16.900 евра. За повеќе информации за оваа понуда посетете ја веб-страницата на Ford.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Ford Capri се враќа во форма на електричен купе-SUV


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.